ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 12. КОЛО….
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР (3-2)
Миловановиќ 8′, Драгарски 40′(аг), Радески 88′(п) – Кочоски 16′(п), 61′ (п)
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (1-1)
Елези 45’+2 – Адеми 52′
Струга: СТРУГА ТЛ – РЕНОВА (1-0)
Цаке 33′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-3)
Адем 33′(аг) – Петров 8′, Адем 23′(п), Фернандо Аугусто 53′
Кратово: СИЛЕКС – БЕЛАСИЦА (0-1)
Каланоски 87′
ВЧЕРА
Велес: БОРЕЦ – ВАРДАР 0-2
======================================================================================
- Продолжуваат извонредните игри на Македонија ЃП под палката на Жикица Тасевски. Триумф од 1-3 против Работнички на „Тодор Проески“ за сега само бод заостанување зад водечката Шкендија.
- Струга ТЛ триумфално против Ренова, а изненадувачки пораз на Силекс на домашен терен од Беласица со 0-1.
- Крај и на натпреварот во Струмица каде Академија Пандев славеше против Пелистер со 3-2 во натпревар со три досудени пенали.
- КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО ТЕТОВО. Реми на дербито меѓу Шкендија и Шкупи!
СИЛЕКС – БЕЛАСИЦА (0-1)
0-1 – 87′ – ГООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Брз контранапад на гостите, Каланоски прецизно стрела под гредата
АК. ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР (3-2)
3-2 – 88′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Соборен Марио Крстовски во шеснаесетникот на гостите, а Марјан Радески прецизен од белата точка.
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (1-1)
80′ – Мирен период од играта, без посериозно можности и на двете страни
АК. ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР (2-2)
2-2 – 61′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Нов гол на Валентин Кочоски од пенал. По стартот на Алчевски досуден удар од белата точка за гостите, а повторно сигурен реализатор Кочоски
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-3)
1-3 – 53′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Мала мајсторија на Фернандо Аугусто, кој од 12 метри погодува за водство од 1-3 на „лавовите“
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (1-1)
1-1 – 52′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. По корнерот од левата страна, Адеми осамен пред голот на домашните со глава прецизно стрела од 7-8 метри за 1-1
- Почеток на второто полувреме на натпреварите од 12. коло во ПМФЛ
- КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (1-0)
1-0 – 45’+2 – ГООООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. По нафрлањето од левата страна, топката до 16-годишниот Дашмир Елези кој со одличен шут од 12 метри носи предност за тетовци
АК. ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР (2-1)
2-1 – 42′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Неверојатан автогол на Христијан Драгарски, кој во обид да исфрли ефектно со шут од 20 метри постигнува автогол
СТРУГА ТЛ – РЕНОВА (1-0)
1-0 – 33′ – ГООООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Убав погодок на дефанзивецот Клисман Цаке за водство на стружани
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-2)
1-2 – 33′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Силјановски нафрли од десната страна, а ефектен автогол на Адем кој со глава од 7-8 метри погодува во сопствената мрежа
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (0-0)
33′ – Одличен центаршут на Павиќ од лево, и повторно Ахмеди со глава од десеттина метри но над голот на Шкупи
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-2)
0-2 – 23′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Божиновски под прекршок во домашниот шеснаесетник па пенал за „лавовите“. Ермедин Адем успешен од 11 метри за 0-2
АК. ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР (1-1)
1-1 – 16′ – ГООООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. По прекршокот на Серафимов над Хот пенал за гостите. Успешен реализатор од белата точка е Валентин Кочоски
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (0-0)
!!! – Се повреди главниот судија Димитар Мечкаровски, па замена на судијата. Натпреварот продолжува да го суди четвртиот судија на натпреварот.
АК. ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР (1-0)
1-0 – 8′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Прекрасен шут на Даниел Миловановиќ од 18 метри, и топката од гредата завршува зад гол-линијата од голот на Пелистер
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)
0-1 – 8′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Филип Петров носи водство за „лавовите“ на арената “Тодор Проески“
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (0-0)
7′ – Феноменална шанса на Дарбо, во одлична позиција но не успева да донесе водство за гостите од само неколку метри ја погодува гредата од домашниот гол
- ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 12. КОЛО ВО ПМФЛ
Натпреварите од 12. коло во ПМФЛ почнуваат со едноминутен молк во знак на почит и сеќавање на починатиот почесен претседател на ФФМ, Љубисав Иванов – Ѕинго
- Во Кратово натпреварот се игра во чест на Љубисав Иванов – Ѕинго, творецот на клубот на Силекс.
- Познати се составите за дерби натпреварот меѓу Шкендија и Шкупи
- Познати се составите за дуелот во Скопје меѓу Работнички и Македонија ЃП
======================================================================================
Во 12. коло од ПМФЛ, интересна дербито се игра во Тетово каде Шкендија ќе биде домаќин на Шкупи. Интересна пресметка и во Скопје меѓу Работнички и Македонија ЃП.
Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА