Без промени на ФИФА листата: Македонија останува на 65. место

Фудбалската репрезентација на Македонија останува на 65. место на ФИФА ранг листата. По историскиот успех и дебитантскиот пласман на Европските првенства, А-тимот сепак останува на 65. место, поради поразот од Ерменија во Лигата на нации.

Од нашите противници во квалификациите за Светското првенство 2022, Германија е најдобропласирана 13, Романија е 37, Исланд е 46, Ерменија се наоѓа на 99 место, додека Лихтенштајн е 181.

На врвот нема никакви промени во топ 10. Белгија е прва пред Франција, Бразил, Англија и Португалија, а меѓу најдобрите десет се и Шпанија, Аргентина, Уругвај, Мексико и Италија.

Се вчитува...