Без промени за македонската репрезентација на најновата ФИФА листа

Фудбалската репрезентација на Македонија останува 65. на најновата ранг листа на ФИФА. По историскиот пласман на Европското првенство и победата над Грузија, поразот од Ерменија доведе до тоа да нема никакви промени за нашиот национален тим на листата.

На врвот нема никакви промени меѓу првите шест. Прва останува Белгија, пред Франција, Бразил, Англија, Португалија и Шпанија. На седмото место сега е Аргентина на сметка на Уругвај кој е осмопласиран, а во топ десет уште се наоѓаат и Мексико и Италија.

Од нашите противници на ЕВРО шампионатот најдобро рангирана е Холандија која е четиринаесетта, Австрија е 23. додека Украина е едно место подоле.

Се вчитува...