Безобразлук до бескрај: Семејството на Нејмар го уценува ПСЖ!

Бразилецот Нејмар на почетокот од сезонава за неверојатни 222 милиони евра пристигна во ПСЖ од Баселона станувајќи на тој начин најскап фудбалер во историјата. Но, по само една сезона се чини дека Нејмар повторно ќе ја менува средината.

Веќе константно течат шпекулациите дека Нејмар повторно се враќа во Шпанија, но овој пат во Реал Мадрид. Иако, неверојатно е сето тоа малку затоа што „кралевите“ ќе мора да платат 400 милиони евра.

Но, шпекулациите за преселба одат единствено во корист на семејството Нејмар, првенствено на таткото на бразилскиот фудбалер и негов менаџер. Француските медиуми веќе пишуваат дека Нејмар Сениор веќе извесен период силно го уценува ПСЖ упорно на сопствениците нагласувајќи им за летниот трансфер во Реал Мадрид.

Според тврдењата, таткото на Нејмар на сопствениците на ПСЖ им нагласил дека неговиот син ќе остане во Париз само доколку добие нов договор со плата од еден милион евра неделно. Секако, сето тоа звучи повеќе од зачудувачки за фудбалер кој пристигнал во клубот во тековната сезона и има петгодишен договор.

Но, кога е во прашање семејството Нејмар за сите добро упатени ништо не е изненадувачко. За тоа семејство веќе е добро познато дека парите единствено се на првото место, сето тоа и претходно потврдувајќи го со тужбата против Барселона и барањето за 26 милиони евра бонус за „лојалност“, што ФИФА експресно го одби.

Се вчитува...