Би-би-си контра ФИФА: Топката беше во допир со подвижната камера (ВИДЕО)

Четвртфиналниот натпревар на Светското првенство помеѓу Англија и Норвешка беше обележан со сцена на крајот од првото полувреме, кога Џуд Белингам израмни на 1-1 во втората минута од судиското продолжение.

Поточно, станува збор за чудна траекторија по ударот на голманот на Норвешка, Александар Нјиланд, па дури и во преносот во живо се чинеше дека топката го погодила кабелот над теренот, чија функција е да ја држи телевизиската камера.

Играчите и тренерскиот штаб на Норвешка протестираа против одлуката, но францускиот судија Клермон Турпин ги игнорираше жалбите од скандинавскиот тим и одби да го поништи очигледно нерегуларниот гол. Немаше реакција ниту од ВАР собата.

Интересно е што спортската редакција на Би-Би-Си има 3Д графичка симулација „3d-bbc.co.uk“ во која се следи состојбата и локацијата на 22-цата играчи на теренот, судијата и топката, и во која јасно се гледа дека топката погодила неидентификуван предмет што го скратил нејзиниот лет.

Се вчитува...