Бибијана Стеинхаус, најдобрата судијка во светот на фудбалот

Бибијана Стеинхаус, првата судија жена која делеше правда во Бундес-лигата, е избрана за најдобра, според Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика. Таа го заслужи ова признание со својата посветеност кон судискиот повик, со оглед дека во септември влезе и во историјата на германскиот фудбал како прва дама која судела меч од Бундес-лигата.

Таа ја делеше правдата на натпреварот меѓу Херта и Вердер во Берлин и доби одлични оценки за својата арбитража.

Се вчитува...