Оваа недела, заклучно со 31 август официјално се затвораат пријавите за овогодинашното осмо издание на планинската трка Крали Марко Треилс во Прилеп. Мотивирајте се, земете учество и бидете дел од предизвикот!!
Крали Марко Треилс претставува една од пионерските трки во планинско трчање во Македонија која има осумгодишна традиција. Низ годините таа успеа да учествува во обликување на локалната заедница на планински тркачи, да мотивира илјадници луѓе на активен и здрав животен стил и да биде вистински промотор на локалната историја и убавина на прилепскиот регион.
Оваа година трката ќе се одржи на 22 септември, со старт и финиш во маалото Варош во Прилеп. На репертоарот, тркачите ќе може да одберат една од трите трки за возрасни, а децата до 13 години ќе може да се вклучат во детската трка Маркукуле Треил. Најдолгата трка е Козјак Треил, во должина од 67 километри, следи Камена Баба Треил со 34 километри и Трескавец Треил која е одлична за почетниците и планинарите со 16 километри.
Пријавите траат до 31 август а сите детали и пријавувањето можете да го направите преку официјалниот веб-сајт www.kmt.mk.
Трката е во организација на Здружение “Трекс” – Скопје, ПСД Макпетрол и Општина Прилеп.
Биди дел од легендата и истрчај го митот!!
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА