Биелса инкасира 18 милиони евра отштета од Лил

Францускиот прволигаш Лил целосно му ја исплати отштетата на Марсело Биелса по раскинувањето на договорот во декември, стратегот се побогат за 18 милиони евра.

Како што известува „Ле Екип“, Лил во целост го исплати договорот на „Ел локо“ во вредност од 13.6 милиони евра, како и дополнителни пет милиони евра отштета поради предвремено прекинување на соработката.

Францускиот шампион од 2011 година моментално се бори за опстанок во првата лига, по 23. кола имаат освоено 25 бода, само еден бод ги дели од зоната за испаѓање.

Се вчитува...