Биелса: Само бараат начин да ме исмејуваат…, ама се плашам за фудбалерите

Начинот на игра на Лидс јунајтед се најде на удар во англиската јавност по високиот пораз од Манчестер јунајтед о 6-2.

Па, Биелса ги обвини медиумите дека се обидуваат да го дестабилизираат неговиот тим, со критиките за начинот на игра.

„Само бараат начин мене да ме исмејуваат. Јас лично и не обрнувам многу внимание на тоа што го пишуваат медиумите, но се плашам за фудбалерите да не ги дестабилизира сето тоа“ – вели Биелса.

Лидс по 14. коло е на 14. место на табелата. Се наоѓаат со седум бода над зоната за испаѓање од Премиерлигата.

Се вчитува...