Биелса: Тажен сум дека Алиоски замина од Лидс…

Во пресрет на новата сезона во Премиерлигата доскорешниот тренер на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, Марсело Биелса говореше на предизвикот наречен Манчестер Јунајтед, меѓутоа аргентинскиот стратег одвои време да говори и за Македонецот кој четири години го носеше дресот на Лидс.

Искусниот стратег вели дека е тажен за тоа што клубот и играчот не успеаја да најдат заеднички јазик за продолжување на сорабоата. Алисоки ќе недостасува на тимот, не само во фудбалскиот, туку и во „човекчкиот“дел.

„Многу сум тажен. Поради фудбалскиот дел се разбира, но особено поради „човечкиот“ дел. Имаме голема почит кон него и знам дека сакаше да продолжи со нас, а и клубот сакаше да го задржи. Имаа преговори, двете страни имаа и свои интереси, а во прашање беа и финансии. За жал на крајот преговорите завршија без да се најде договор“, изјави тренерот на Лидс.

Македонскиот репрезентативец во иднина ќе го носи дресот на Ал Ахли со кого потпиша договор за настап во Саудиска Арабија.

Се вчитува...