Фудбалерите на Швајцарија стигнаа до првата победа на шампионатот откако вечерва славеа над Босна и Херцеговина со 4-1 во натпревар од второто коло од Б групата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Двете селекции не ни понудија многу квалитетен фудбал во првите 45 минути на стадионот „Со фај“ во Инглвуд, Лос Анџелес. И Швајцарците и репрезентативците на Босна и Херцеговина имаа по неколку полушанси со кои не успеаја да го загрозат голот на противникот.
Во вториот дел првата убава шанса ја имаше Швајцарија, откако Ндоје на одличен начин со ножички во 56. минута се обиде да го совлада голманот на БиХ Васиљ кој одлично интервенираше. БиХ првата убава шанса ја имаше дури во 68. минута кога Дедиќ биеше од далечина, но неговиот удар го спречи Кобел.
Швајцарците конечно стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Јохан Манзамби во 74. минута. Поголем проблем за избраниците на Сергеј Барбарез донесе и директниот црвен картон Мухамеровиќ во 80. минута. Само четири минути по исклучувањето на Мухамеровиќ, Варгас зголеми на 2-0. Манзамби со својот втор гол во 90. минута зголеми на 3-0. БиХ намали на 3-1 преку Махмиќ во 93. минута, додека конечните 4-1 ги постави Џака од пенал во 97. минута.
Switzerland [1] – 0 Bosnia and Herzegovina – J. Manzambi 74'
byu/ayoefico insoccer
T. Muharemovic straight red card against Switzerland 80'
byu/ayoefico insoccer
Switzerland [2] – 0 Bosnia and Herzegovina – R. Vargas 84'
byu/ayoefico insoccer
Switzerland [3]-0 Bosnia and Herzegovina – Johan Manzambi 90'
byu/977x insoccer
Switzerland 3-[1] Bosnia and Herzegovina – Ermin Mahmić 90+3'
byu/977x insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
