Бил Гејтс со порака до Новак Ѓоковиќ: Невакцинирањето е несреќен избор

Ѓоковиќ одлучи да не се вакцинира против коронавирусот, а Бил Гејтс тоа го смета за несреќен избор. Основачот на „Мајкрософт“ откри дека му се восхитува на Ѓоковиќ за спортските успеси, но како заговорник на вакцинирањето мисли дека српскиот тенисер требал да се вакцинира.

Американскиот бизнисмен Бил Гејтс го спомена Новак Ѓоковиќ во опширното интервју за „ББЦ“. Ѓоковиќ во јануари беше депортиран до Австралија и не можеше да учествува на првиот гренд слем турнир во сезоната.

„Ако сте вакцинирани, тоа и помага на заедницата на која и припаѓате. Вакцината не е совршено средство за спречување на инфекцијата, но значително ја сузбива. Значи, ако некој е загрижен за своето здравје до таа мерка да не може да учествува во заштита на заедницата, тогаш тоа е несреќен избор. Ако станува збор за личност која притоа е инспирација за многумина, тогаш таквото размислување се шири побрзо меѓу базата навивачи и како резултат имаме помал бран на вакцинираност од тој кој ни е потребен“.

Се вчитува...