Бил и Вестбрук го предводеа Вашингтон до плејофот

Последниот патник во плеј-офот од Источната конференција е составот на Вашингтон кој со победата од 142-115 над Индијана го осигура осмото место на табелата. Бредли Бил беше првото име во редовите на домаќинте со 25 поени и 5 скока, додека дабл-дабл од 18 поени и 15 асистенции забележа Расел Вестбрук. 18 поени постигна и Накимура.

Во редовите на Индијана Малком Брогдон постигна 24 поени и 4 асистенции, а недоволен за Пејсерс беше и трипл-дабл учинокот на Литванецот Домантас Сабонис од 19 поени, 11 скока и 10 асистенции.

Во плејофот Вашингтон силите ќе си ги одмери со првопласираната Филадефлија. Последниот патник во разигрувањето за титула ќе биде одлучен на натпреварот помеѓу Голден Стејт и Мемфис.

Се вчитува...