Билбао е херојот кој успеа да го „сопре“ Бетис (ВИДЕО)

Атлетик Билбао го совлада Реал Бетис со 3-2 во еден крајно интересен натпревар од 18. коло во шпанската Ла лига. Домаќините брзо стигнаа до водство со голот на Ињаки Вилијамс во 2. минута.

Само четири минути подоцна гостите преку Хуанми израмнија на 1-1, додека Набил Фекир во 52. минута донесе водство за тимот од Андалузија. На 2-2 израмни Ињаки Вилијамс со својот втор гол во 72. минута, додека конечните 3-2 ги постави Де Маркос во 89. минута.

 

 

 

Се вчитува...