Билбао го доби баскиското дерби против Сосиедад (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетик Билбао славеа на домашен терен на „Сан Мамеш“ против Реал Сосиедад во големото баскиско дерби како дел од 29. коло од шпанската Ла лига.

Домаќините стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Ињаки Вилијамс во 33. минута од натпреварот. Со овој резултат се замина на пауза. Конечните 2-0 беа дело на истиот фудбалер во 70. минута.

Athletic Bilbao 2-0 Real Sociedad – Inaki Williams 70′
by u/Meladroite in soccer

 

Се вчитува...