Билбао со супер пресврт до победа над Севилја (ВИДЕО)

Атлетик Билбао со супер пресврт во второто полувреме успеа да ја совлада Севилја со 2-1 во натпревар од 8. коло во шпанската Ла лига.

Севилја беше подобар противник во првото полувреме игра која ја материјализираше со голот на Ен Несри уште во 9. минута. Севилја и во поголемиот дел од второто полувреме беше подобар противник, а Атлетик Билбао во некои моменти не изгледаше на професионален тим. Сепак, Муниан во 76. минута погоди за израмнување и работите тука се свртеа за 360 степени. Конечниот пресврт Баскијците го реализираа преку Сансет во 86. минута.

За Севилја ова е трет пораз во низа во домашниот шампион кој ги симна на 14 позиција на табелата со 7 бода. Атлетик Билбао е десетти со 9 бода.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...