„Билд“ открива ексклузива: Тухел ќе биде новиот тренер на ПСЖ!

Германскиот стратег Томас Тухел, поранешен кормилар на Борусија Дортмунд, ќе биде нов тренер на францускиот клуб Пари Сен Жермен. Тој ќе го замени Унаи Емери по завршувањето на оваа сезона и ќе потпише двегодишен договор, открива ексклузивно „Билд“. Соработката е веќе договорена и се очекува крајот на сезоната за тој и официјално да биде претставен во јавноста.

Тухел својата кариера ја градеше во Мајнц, а потоа две сезони беше на кормилото на Борусија Дортмунд. По заминувањето од редовите на „милионерите“, неговото име неколку пати се споменуваше и како можен тренер на Баерн Минхен, но очигледно дека ПСЖ успеа прв да стигне до потписот на младиот и квалитетен фудбалски стратег.

Се вчитува...