Билети за ОИ во Париз: Шпанија победи и за себе и за Словенија

Шпанија и Словенија се селекциите кои ги освоија првите две места на предолимпискиот турнир во Гранолјерс, со што обезбедија билети за претстојните Олимписки Игри во Париз.

Шпанците можеа да си дозволат и опуштање во последниот меч со Бразил на кој „кариоките“ мораа да слават, но „црвената фурија“ одигра максимално професионално и стигна до победа од 28-26, со која избраниците на Рибера ја одведоа и Словенија во Париз.

Шпанските ракометари од самиот почеток го контролира резултатот, но Бразилците пред крајот на полувремето успеаја да стигнат до израмнување. Сепак, „црвената фурија“ се врати во ритам и набрзина повторно резултатски се одлепи и ја одржа предноста до самиот крај.

За потсетување, од турнирот во Хановер пласман на ОИ обезбедија Хрватска и Германија, додека на турнирот во Татабања сигурни се Норвежаните, а за последниот олимписки билет вечерва директна битка ќе водат Унгарија и Португалија.

Се вчитува...