Билетите за двата европски дуели на Охрид по цена од 150 денари

Ракометарите на Охрид веќе интензивно се подготвуваат за настапот во првото квалификациско коло од ЕХФ купот и двата натпревари против РК Крас-Волендам од Холандија.

Како што е познато, охриѓани ќе бидат домаќини и на двата дуели кои се играат на 2. и на 3. септември со почеток од 19 часот во СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

Од канцеларијата на РК Охрид информираат дека веќе е почната и претпродажбата на билетите за двата натпревари. Цената на билетот е максимално поволна за сите љубители на ракометот, за еден натпревар е 100 денари, а блок-билети може да се набават за 150 денари. Билетите се продаваат на продажната локација кај Стариот чинар во Охрид и ќе трае до 31. август.

По 31. август, до одигрувањето на натпреварите, билетите ќе се продаваат на билетарата на СРЦ „Билјанини Извори“ и тоа по цена за еден натпревар од 150 денари, а блок влезница – 200 денари.

Се вчитува...