Билетите за мечот со Летонија по симболична цена од 150 денари

Во месец март „А“ репрезентацијата на Македонија ги започнува европските квалификации за пласман на ЕП 2020 година. Нашиот најдобар национален тим е во група со Полска, Австрија, Словенија, Израел и Летонија.

Македонија ги отвора квалификациите на 21. март со домашна пресметка против Летонија на националната арена „Филип Втори“ во Скопје (20:45 часот), а три дена подоцна гостуваме на „Стожице“ во Љубљана против Словенија.

Верните навивачи на Македонија ќе можат да купат билет за натпреварот Македонија – Летонија преку продажната мрежа на MKTickets.

Билети ќе можат да се купат и на благајната на Националната арена „Филип Втори“. Цената на билетите изнесува симболични 150 денари.

Се вчитува...