Билетите за Работнички – Динамо Минск по цена од 200 денари

Работнички в четврток ќе го пречека Динамо Минск на комплексот на ФФМ во рамките на второто квалификациско коло од Лигата на Европа, а клубот од денеска ги пушти во продажба влезниците за овој натпревар по цена од 200 денари.

Како што информира клубот од Дебар Маало на својот официјален сајт, билетите ќе можат да се набават преку онлајн продажната мрежа на МК Тикетс се до денот на одигрување на натпреварот, кога ќе се продаваат и пред самиот стадион. Сепак, се работи за ограничен број на билети за единствената трибина на стадионот кој е дел од комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот.

Се вчитува...