Билиќ денеска добива отказ, се знае и неговиот наследник

Славен Билиќ со ВБА успеа да остане непоразен на гостувањето против Манчестер Сити, но овој резултат нема да го спаси хрватскиот стручњак од отказ. Британските медиуми најавуваат дека веќе се е договорено, Билиќ денеска ќе добие отказно решение од премиерлигашот од Бирмингем, кој веќе го избрал и новиот менаџер со кого ќе води битка за опстанок во елитата.

Станува збор за поранешниот англиски селектор Сем Алардајс, кој прифатил договор до крајот на сезонава, со автоматско продолжување доколку ВБА остане во Премиер-лигата. Алардајс е стратег кој поголемиот дел од кариерата го мина во клубови со кои се бореше за опстанок, па управата на клубот смета дека со ваквото искуство ќе може да помогне тимот да не испадне од елитата.

Вест Бромвич Албион моментно е претпоследен на табелата со само седум бода по првите тринаесет кола. Единствената победа под водство на Билиќ оваа екипа ја забележа на 30 ноември, кога со 1-0 го совлада „фенерџијата“ Шефилд Јунајтед. Алардај ќе дебитира на клупата викендов, кога ВБА во градското дерби ќе го пречека тимот на Астон Вила.

Се вчитува...