Билиќ добива отказ, Дејвид Мојес на клупата на Вест хем

Одлуката за прекин на соработката со Славен Билиќ е веќе донесена и истата ќе биде обелоденета во јавноста во следните 48 часа, објавуваат англиските медиуми, додавајќи и дека „чеканите“ веќе го избрале својот нов стратег. Станува збор за поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед и Евертон, Дејвид Мојес, кој прифатил договорот да важи до крајот на оваа сезона, со можност истиот да биде продолжен за уште две години доколку успее да го извлече клубот од големата криза.

Билиќ и во текот на минатата и на стартот од оваа сезона во неколку наврати се спасуваше од отказ со победи на клучните натпревари, но по ремито со „фенерџијата“ Кристал палас и убедливиот пораз од Ливерпул клупската управа целосно ја загуби довербата во Хрватот, за кого веќе нема иднина во лондонскиот клуб.

Со оглед на фактот дека постои кратка пауза за репрезентативни настапи, „чеканите“ го одбраа токму овој период за менаџерска смена, за новиот стратег да добие време за да ги пренесе своите тактички замисли врз фудбалерите.

Се вчитува...