Билиќ прва тренерска жртва во Премиерлигата

Првата тренерска жртва во англиското првенство е Славен Билиќ, кому ВБА денеска и официјално му врачи отказ. До некаде и очекувано, бидејќи ВБА е препоследен на табелата со само седум освоени бода на 13 одиграни натпревари.


Ни ремито против Манчестер Сити не беше доволно Хрватот да ја продолжи приказната на клупата на тимот од Вест Бромвич. Во клубот веќе имаат идеја за негов наследник, а во англиските медиуми се шпекулира името на поранешниот селектор на Англија, Сем Алардајс.

Се вчитува...