Биното: Не е коректен ставот дека Леклер е наклонет на грешки

Шарл Леклер не успеа да заврши уште една трка откако на Големата награда на Франција излета од патеката и се заби во оградата под никаков притисок. Ова не е првпат возачот на Ферари да загуби бодови под поволни околности па сега заостанува 63 бода зад првопласираниот Макс Ферстапен.

Леклер наиде на критики во јавноста по лошата трка на „Пол Рикард“, а неговиот шеф во Ферари, Матија Биното застана во негова одбрана, велејќи дека Монаканецот неправедно го бие лош глас.

„Сметам дека тоа не е фер да кажеме дека е наколент кон грешки. Дефинитивно вози на самата граница, а кога е таков случајот тоа може да се случи. Ќе направиме истрага за да видиме од каде дојде проблемот, ќе разговараме и со него и потоа ќе судиме. Но, во овој момент нема причина да префрламе вина. Сигурен сум дека ќе добие поука од ова. Видовме многу пати како реагира по грешки, така да сигурен сум дека во Унгарија ќе биде посилен и погладен“, вели Биното.

Се вчитува...