Бирхоф: Јоаким Лев ќе остане на селекторското место

Светскиот првак Германија ја остави круната уште по првата фаза и комплетно разочара со настапот на Мундијалот. Поразот од Јужна Кореја (0-2) донесе огромна фрустрација кај „панцирите“, па во прашање е доведено и останувањето на селекторот Јоаким Лев на кормилото на националниот тим. Сепак, директорот на репрезентацијата, Оливер Бирхоф, смета дека Лев и понатаму треба да ја предводи германската селекција.

„Јоаким Лев потпиша нов договор и верувам дека ќе остане на кормилото на репрезентацијата. Сега сме сите разочарани и ќе треба да помине одреден период, а потоа ќе направиме комплетна анализа. Јасно е дека нешто не одработивме како што треба, но резултатите се вреднуваат на ваквите натпреварувања, а ние потфрливме. И целата нација има право да биде разочарана“, изјави Оливер Бирхоф.

Разговори со Лев најави и претседателот на Фудбалската федерација на Германија, Рајнхард Гриндел.

„Разговарав со Јоаким Лев вчера по елиминацијата. Се согласивме дека сериозно ќе анализираме по неколку дена“, истакна првиот човек на германскиот фудбал.

Се вчитува...