Нигерискиот интернационалец Кларенс Битанг и дефинитивно го напушта Вардар и се сели во Грција каде ќе настапува за тимот на Олимпијакос Волос. Тој се збогува со „црвено-црните“ преку социјалните мрежи.
„Беше уживање да се биде дел од клубот. Во овие две години Македонија ми беше дом, поради Вардар и неговите навивачи. Благодарам за се, научив многу и на Вардар му посакувам се најдобро. Секогаш ќе бидете во моето срце“, објави Битанг.
Единствен странец кој останува во клубот е Украинецот Евгениј Новак, а Вардар има забрана за трансфери во летниот и во наредниот зимски преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА