Битка за трето место: Четири тима се борат за избегнување на МЗТ

На четири кола пред крајот на регуларниот дел од Првата кошаркарска лига веќе се познати патниците во плеј-аутот и плеј-офот, но во изедначената сезона останува неизвесна битката за важното трето место на табелата кое не само што носи предност од домашен терен во четвртфиналето, туку и избегнување на непосакуваниот МЗТ Скопје меѓу најдобрите четири тима.

За истото се борат ТФТ, Гостивар, Феникс 2010 и Еуро Никел кои се одделени една победа од третата до шесттата позиција. Во предност се „црно-белите“ од Скопје и гостиварци кои имаат скор од 12 победи и 6 порази пред скопските „виолетово-жолти“ и кавадарчани кои следат со скор 11-7.

До крајот на регуларниот дел од сезоната ТФТ го очекуваат натпревари против Феникс 2010, Струмица, Пелистер и Куманово, Гостивар силите ќе си ги одмери со Чаир 2030, Еуро Никел, Кожув и Феникс 2010, Феникс 2010 ќе се сретне со ТФТ, Пелистер, МЗТ Скопје и Гостивар, а Еуро Никел го очекуваат натпревари против МЗТ Скопје, Гостивар, Работнички и Академија ФМП.

Значајни во битката која следи ќе бидат и меѓусебните натпревари и кош разликaта во истите па јасно е дека во следните месец дена не очекуваат интересни и неизвесни натпревари исполнети со многу непознати.

Се вчитува...