Битола добива нова спортска сала

Битола би требала во блиска иднина да добие нов модерен спортски комплекс. Битола ќе добие нова спортска сала која ќе биде дел од спортски комплекс. Денес градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски објави јавен конкурс за избор на идејно решение за спортско рекреативен центар.

Како што се вели во објавата на општина Битола решението за новата сала треба да биде готово до 1. септември 2022 година.

„Целта на конкурсот е изработка на идејно решение врз основа на кое ќе се изгради спортско-рекреативен центар со што ќе се зголемил квалитетот на живот во градот Битола и регионот, согласно потребите на граѓаните, ќе се зголеми вредноста на просторот и ќе се овозможи негово квалитетно и функционално унапредување, со формирање на препознатлива целина во соодветна врска со постоечкиот контекст и идните функции и содржини на јавниот простор. Идејното решение треба да се одликува со функционалност и применливост, со естетска карактеристика на препознатливост на градот со цел да го оплемени просторот, да ги збогати содржините и да ги привлече граѓаните да го користат. Идејата треба да биде иновативна, креативна, модерна и оригинална“, стои во објавата на Општина Битола.

Се вчитува...