Битолска лекција за Кинезите, Работник е во финалето

Ракометарите на Работник во извонреден натпревар го декласираа тимот на Пекинг и се пласираа во големото финале од турнирот во Добој. На битолчани им беше неопходна убедлива победа за да се искачат пред Луцерн на првото место во групата, па одиграа беспрекорно пред се во второто полувреме, триумфираа со 47-24 и сосема заслужено се најдоа на врвот наа табелата.

Избраниците на тренерот Алушовски во првото полувреме имаа шест гола предност (21-15), за во вториот дел да ги демолираат кинеските ракометари, оставајќи ги зад себе променливите настапи од последните неколку натпревари.

Покрај одличниот голман Митревски, најзаслужни за убедливата победа беа Ѓукиќ со единаесет и Јотиќ со осум погодоци.

Работник во големото финале утре ќе се сретне со францускиот прволигаш Шартр.

Се вчитува...