Бизнис-лига: „Луд меч“ со 24 гола меѓу Окта и Еуролинк

Три максимално ефикасни натпревари беа на програмата денеска во Бизнис-лигата, од кои во преден план мора да се истакне пресметката меѓу Окта и Еуролинк, на која беа постигнати дури 24 погодоци.

Сава Осигурување со голман играч не успеа да го совлада Оне.Вип

Сава Осигурување 4-8(3-3) Оне.Вип

Сава Осигурување: Зоран Василевски 2’ 12’ Данило Апостоловски 11’ 40’

Оне.Вип: Мартин Ангеловски 7’ 9’ 38’ Младен Ѓорѓиоски 18’ 26’ Милан Аврамовиќ 18’ 35’ Мартин Милошески 38’

sava onevip

Исклучително израмнето прво полувреме одиграа екипите на Сава осигурување и Оне.Вип, при што и двете екипи не остварија некоја значителна резултатска предност. Со ваквата игра гол за гол на полувремето се отиде со резултат од 3-3. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурување се обиде со голман играч да направи резултатска предност, но тоа го искористи Оне.Вип кој не само што успеа да го сврти резултатот во своја полза, туку стигна и до убедлива победа од 4-8.

Уника ја оправда улогата на фаворит во дуелот со Раде Кончар

Раде Кончар 3-10(1-5) Уника

Раде Кончар: Маријан Баждаров 10’ Маријан Баждаров 22’ Јане Талевски 37’

Уника: Бенјамин Граинца 2’ 6’ 34’ Ибиш Мисини 11’ 32’ 36’ Арбен Нухиу 18’ 23’ 35’ Шабан Чупи 18’

rade koncar2

Екипата на Уника во дуелот со Раде Кончар иако во ослабен состав со оглед на позицијата на табелата влезе како фаворит. Во текот на целото прво полувреме екипата на Уника прикажа одлична игра играјќи мошне мотивирано и со одлично обработени акции кои и донесоа предност на полувремето од 1-5. Во второто полувреме екипата на Уника од минута во минута ја зголемуваше предноста и полека но сигурно грабеше кон победата која на крајот изнесуваше високи 3-10.

Во дожд од голови Еуролинк ја совлада Окта

Окта 8-16(1-7) Еуролинк

Окта: Шеќо Личина 18’ 30’ Драганчо Ѓеорѓиевски 23’ 32’ 40’ Александар Јовчевски 24’ 25’ Живко Котевски 40’

Еуролинк: Ивица Стефковски 2’ 6’ 8’ 14’ 16’ 17’ 21’ 24’ 26’ 28’ 32’ 35’ 38’ 39’ Дарко Кадински 3’ Наумче Стојчевски 33’

eurolink golovi1

Окта и Еуролинк одиграа натпревар во кои беа стопроцентно посветени на нападот и на двете страни се играше доста офанзивен фудбал. Екипата на Еуролинк во своите редови го имаше вечерва расположениот Ивица Стефковски кој имаше префектна реализација и успеа да постави рекорд во Бизнис Лигата со постигнати дури 14 гола. Екипата на Окта на вака расположениот Еуролинк не можеше да му парира иако прикажа свои светли минути во натпреварот. На крајот од овој натпревар во дожд од голови Екуролинк ја совлада Окта со резултат од 8-16. Полувреме 1-7.

Се вчитува...