Бизнис-лига: Лукоил го реши и Телеком

Три исклучително ефикасни натпревари се одиграа денеска во рамките од Бизнис-лигата…

НЛБ Банка со пресврт до победа над Факом

НЛБ Банка 5-4(2-3) Факом

НЛБ Банка: Томислав Петрушевски 17’ Мирослав Јовановски 20’ Саше Стојчевски 25’ 29’ Дејан Кекеновски 36’

Факом: Мартин Митковски 7’ 9’ 38’ Бобан Китановски 12’

biznis nlb

Дваесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на НЛБ Банка и Факом. Екипата на Факом на самиот старт имаше префектен влез во натпреварот и со одлично реализиран напад и совршена реализација успеа да дојде до водство од 0-3. Екипата на НЛБ Банка ги консолидираше своите редови се врати во натпреварот и со добра игра намали на 2-3 на полувремето. Во второто полувреме екипата на НЛБ Банка успеа да направи целосен пресврт и играјќи игра која Факом ја имаше на стартот на првото полувреме па со ваквата игра успеа да стекне предност од два гола. Екипата на Факом се трудеше да ја анулира предноста на НЛБ Банка до самиот крај, но не успеа во тоа па го загуби овој натпревар со 5-4.

Лукоил во финишот го скрши отпорот на Македонски Tелеком

Лукоил 6-3(3-1) Македонски Телеком

Лукоил: Игор Дамјаноски 11’ 29’ Жарко Климкаров 12’ 18’ 40’ Љупчо Апостоловски 39’

Македонски Телеком: Петре Велигденов 6’ Ивица Вељановски 27’ 35’

biznis lukoil slavi

Екипата на Македонски Телеком прва дојде до водство во 6. минута преку Велигденов во дуелот со Лукоил, но Лукоил со чести ротации од клупата успеа да го подигне нивото на игра и да дојде до израмнување, а потоа и водство од 3-1 со коe заминаа на полувремето. Во второто полувреме екипата на Македонски Телеком успеваше да ја задржи резултатската неизвесност и да игра егал натпревар се до самиот финиш, кога се обиде со голман играч да направи целосен пресврт но на ваквата нивна игра Лукоил одговори со одличен напад па на крајот успеа да извојува убедлива победа од 6-3.

Пекабеско лесно ја совлада Фабрика Карпош

Фабрика Карпош 4-8(1-5) Пекабеско

Фабрика Карпош: Ненад Денчиќ 18’ Маријан Казаковски 30’ Георги Божиков 35’ Александар Божиков 38’

Пекабеско: Маријан Величковски 3’ 23’ 36’ Бобан Вујиќ 6’ 9’ Дејан Неделковски 7’ 14’ 38’

biznis pekabesko karpos

Фабрика Карпош во дуелот со Пекабеско влезе со ослабен состав и голем број повредени играчи со ваква консталација тешко парираше на вечерва расположениот за игра Пекабеско. Екипата на Пекабеско уште од самиот страт влезе мотивирано стекнувајќи предност од 1-5 на полувремето, предност која Фабрика Карпош се обидуваше да ја анулира во текот на целото второ полувреме, но не беше успешна во тоа. Пекабеско ја задржа константно добрата игра во текот на целиот натпревар кој на крајот го доби со 4-8.

Се вчитува...