Бизнис-лига: Рамстор беше пресилен за Бетон

Продолжуваат возбудувањата со нови три натпревари во Бизнис-лигата…

Рамстор ја однесе победата во дуелот со Бетон

Рамстор 6-3(2-0) Бетон

Рамстор: Јахја Кадри 13’ 23’ 34’ Емир Сулоски 5’ 32’ Ведат Арслан 30’
Бетон: Иван Димитриевски 33’ 35’ Иван Николовски 34’

Во првото полувреме од натпреварот помеѓу Рамстор и Бетон видовме жесток фудбал со многу дуели во рамките на дозволенот. Двата тима се определија за нешто позатворена игра и повеќе внимаваа на својот гол отколку на нападот. Како одминуваше полувремето екипата на Рамстор успеа да наметне иницијатива и да ја префрли играта на половината на Бетон што резултираше со предност од 2-0 на полувремето. Во второто полувреме двата тима продолжија со ист ритам на игра, екипата на Бетон тргна поофанзивно обидувајќи се да го израмни резултатот, имаше одлични шанси од кои дел искористија не успеаа да ја достигнат предноста на Рамстор. На крајот резултатот гласеше 6-3.

Вип недостижен за Еуро Табак

Вип 8-4(2-1) Еуро Табак

Вип: Мартин Ангеловски 12’ 25’ Мартин Тодоровски 17’ 23’ 31’ 40’ Никола Спасевски 29’ 35’
Еуро Табак: Дејан Младеновски 19’ Дејан Јанковски 31’ 37’ Бобан Ѓорѓевиќ 39’

Првата фаза од првото полувреме во дуелот помеѓу Вип и Еуро Табак одмина во мирно темпо на игра, двата тима беа претпазливи во фаза на напад и повеќе внимаваа на одбраната. Кон средината на полувремето екипата на Вип тргна поофанзивно кон противничкиот гол и успеа во 12. минута да го отвори резултатот. Ова водство успеа да ги мотивира играчите на Вип да тргнат уште поофанзивно кон противникот да постигнат уште еден гол кон крајот на полувремето. Екипата на Еуро Табак до паузата успеа само да го смали водството на 2-1. Во второто полувреме видовме поофанзивен фудбал со брзи акции и шутеви од далечина во кои поуспешна беше екипата на Вип. Екипата на Еуро Табак во вториот дел од полувремето притисна во предно поле и ја намали разликата но Вип веќе имаше предност која беше тешко достижна. На крајот од натпреварот резултатот беше 8-4.

 

Во натпревар полн со пресврти Сава Осигурување гo победи Џонсон Мети

Сава Осигурување 7-4(3-3) Џонсон Мети

Сава Осигурување: Данило Апостолски 4’ Коста Глигуровски 7’ 31’ 40’ Ивица Минов 9’ Данило Поповски 38’ Андреј Китановски 39’ 
Џонсон Мети: Христијан Стојановски 4’ 30’ Бобан Ристов 5’ Благоја Божиновски 13’

Овој натпревар помеѓу Сава Осигурување и Џонсон Мети имаше одлична увертира, уште во раната фаза од натпреварот видовме прекрасни погодоци и на двете страни. Прва до водство дојде екипата на Сава Осигурување но веќе во следниот напад екипата на Џонсон Мети успеа да израмни и минута подоцна со одличниот погодок на нивниот голман Ристов успеа да го преземе водството. Екипата на Сава Осигурување направи неколку промени во својот тим што резултираше со целосен резултатски пресврт во 10. минута. До крајот на полувремето екипата на Џонсон Мети успеа да реализира и да се замине на полувремето со изедначен резултат од 3-3. Во второто полувреме видовме израмнета борба, се играше бескомпромисен фудбал за секоја топка, за секоја педа од теренот. Во средината на второто полувреме екипата на Џонсон Мети успеа да реализира напад и да го превземе водството но веќе во следниот напад Глигуровски со одличен погодок успеа да донесе ново израмнување. До крајот од натпреварот и двете екипи се обидуваа да ја пробијат противничката одбрана во што успеа Сава Осигиривање во 38. минута, а после тој погодок до крајот успеа само до го зголеми водството за конечни 7-4.

Се вчитува...