Бјелица бесен по „трилерот“ на Максимир: ВАР е обично ср.ње!

Тренерот на Динамо Загреб, Ненад Бјелица очекувано беше разочаран по ремито на неговиот тим од 3-3 против украински Шахтјор во Лигата на шампионите. До 92. минута, „модрите“ имаа предност од 3-1 во мечот во кој третиот гол во 89. минута го постигна и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, а потоа со два гола Украинците дојдоа до бод.

За сето тоа, според Бјелица, големо влијание има и главниот судија Феликс Брих кој не досуди пенал за Динамо во две спорни ситуации, а за Шахтјор досуди во петтата минута од судиското продолжение.

„Заслуживме победа затоа што бевме подобри. Откако примивме гол преминавме на 4-2-3-1 и тоа ни донесе резултат“ – истакна Бјелица коментирајќи ги и спорните ситуации:

„Јас секогаш велам дека ВАР е едно обично ср..ње! Ги убива емоциите, ја убива играта. Тоа е циркус. Погледнете само каков циркус е во Англија. Во Италија е, пак, најголемиот цикрус. И натаму толкувањето на спорните ситуации се сведува на интерпретација. Па зошто тогаш еден таков систем? Укинете го ВАР!“

 

 

Се вчитува...