Бјелица: Какви Рома и Лацио!? Адеми не си оди од Динамо Загреб!

Шефот на стручниот штаб на Динамо Загреб, Ненад Бјелица ги демантира италијанските пишувања за можно заминување на Аријан Адеми во зимскиот преоден рок.

„Газета дело спорт“ пред два дена се појави со информација дека Рома и Лацио се во трка за ангажман на Адеми кој сигурно би ги напуштил редовите на „модрите“. Но, Бјелица сето тоа категорично го демантира.

„Кој пишува дека заминува? Италијанците? Па, тие може да пишуваат што сакаат, тешко дека тој ќе оди некаде. Останува во Динамо Загреб. Ако и дојде таа неморална понуда тогаш ќе се снајдеме“ – порачува Бјелица од Турција каде хрватскиот шампион е на подготовки во моментов.

Се вчитува...