Бјелица: Секогаш е полесно кога во тим имаш некој од Југославија, Сполстра е како Обрадовиќ

Српскиот интернационалец, Немања Бјелица по три сезони минати во главниот град на Калифорнија, го напушти Сакраменто и во иднина ќе го носи дресот на Мајами. Крилниот центар ќе се борби за титула за НБА лигата и ќе биде од голема поддршка за составот од Флорида кој претходната сезона мораше да се задоволи само со финале.

Говорејќи за американските медиуми, Бјелица изјави дека ќе биде голема чест да се игра рамо до рамо со еден од најдобрите словенечки кошаркари, Горан Драгиќ. Како што вели Србинот, секогаш е полесно кога имаш соиграч од Југославија…

„Многу сум возбуден што ќе играм заедно со Горан. Кога трејдот беше готов, тој ме побара. Долго се знаеме. Се што можам да кажам за него е дека е еден од најпотценетите играчи во НБА лигата. Тој е сјаен кошаркар и одличен човек, тој е победник. Многу е полесно кога имаш таков играч во тимот, некој од Европа. Морам да бидам професионален, тоа е мојата работа, но секогаш е полесно кога имаш некој кој доаѓа од поранешна Југославија во тимот. Секогаш сум среќен кога имам такви луѓе околку мене“, изјави Бјелица.

Бјелица пред заминувањето од Европа за тренер го имаше големиот Жељко Обрадовиќ, а сега ќе работи со Ерик Сполстра, па неизбежно беше да ги спореди двата великани.

„Начинот на работа е ист, имаат ист победнички менталитет. Постојат приказни за напорната работа во Мајами. Тоа е единствениот начин да дојдеме до победа. Се е до дисциплината, а јас тоа го сакам. Морам да го слушам тренерот. Треба да имаме слобода, тоа е природно, но колку повеќе сме професионални, толку сме и подобри. Треба да ја почитуваме топката и соиграчите“, додаде новиот кошаркар на Мајами.

 

 

Се вчитува...