„Black Lives Matter“ движењето направи хаос во Премиер-лигата

Премиер-лигата се дистанцираше од „Black Lives Matter“ движењето со објава во која се вели дека лигата ја подржува расната еднаквост, но не и политички движења. Ова доаѓа откако британската секција на ова движење на Твитер објави контроверзни постови насочени портив Израел како и повици кон владата на Велика Британија да го запре финасирањето на полицијата. За писмо со дистанцирање од политичкото движење размислуваат и капитените на клубовите.

Поради ова Премиер-лигата во соопштение мораше да објаснува дека кампањата што се спореведува на терените во Англија се однесува строго на поддршка на еднаквоста на сите раси, а не на политичкото движење кое повикува на насилство или на нелегални активности.

Во продолжението од Премиер-лигата по паузата поради пандемијата на коронависусот пред секој натпревар во Англија, играчите и менаџерите клекнуваат прифаќајќи го на тој начин протестот на амеркинаските спортисти кон расната нееднаквост. На првите натпревари во ре-стартот играчите на сите клубови, наместо имиња на дресовите ја носеа пораката „Black Lives Matter“.

Но, откако се случија спорните објави дел од играчите веќе комуницирале меѓу себе околу понатамошното однесување, а аналитичарите на главниот британски ТВ партнер на Премиер-лигата, „Скај спортс“, Џејми Реднап и Патрис Евра како и коментаторот Гери Невил одбија да ги носат беџовите со заштитната порака на кампањата.

Се вчитува...