Дилеми повеќе нема. Арсенал е нов шампион на англиската Премиерлига, откако Манчестер Сити не успеа да го победи Борнмут вечерва во претпоследното коло во шампионатот.
Одиграа избраниците на Пеп Гвардиола со Борнмут само 1-1, и така сега предноста помеѓу двата тима изнесува четири бодови на едно коло до крајот, со што Арсенал и дефинитивно ќе заврши на првото место.
Стрелец на голот за Борнмут беше Крупа во 39. минута од средбата. Дека Сити беше катастрофален оваа вечер, покажа фактот дека Борнмут три пати ја погоди рамката од голот на Донарума, и пропушти можност да слави поубедлив триумф.
Сити вечерва немаше енергија, немаше идеја, одигра катастрофален натпревар во миговите кога најмногу требаше. Се „разбуди“ во финишот кога Халанд успеа да израмни, но тоа не беше доволно за да се дојде до посакуваниот триумф и така ја загуби титулата.
Арсенал ќе има можност за уште еден трофеј до крајот на сезоната, односно оној во Лигата на шампионите каде во финалето во Будимпешта ќе се сретне со ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
