Благодариме Диего – Атлетико Мадрид ја најде замената за Коста

Шпанските медиуми вчера официјално потврдија дека Диего Коста побарал раскин на договорот со Атлетико Мадрид. По доаѓањето на Луис Суарез, искусниот напаѓач падна во втор план кај Диего Симеоне и сака да го смени клубот во јануари. Коста побара раскин на договорот за да може да најде нов тим како слободен играч.

Угледниот новинар Фабрицио Романо пред неколку моменти објави дека Атлетико го одобрило ова барање и дека за неколку дена ќе го раскине договорот на Коста и дека ќе биде ослободен од договорот за меѓусебна соработка.

Наводно, Атлетико сериозно размислува да го донесе Аркадиуш Милик, кој треба да биде замена за Коста, но и резервна опција за Суарез.

 

 

 

Се вчитува...