Благодариме Шпанија – Ракометарите во полуфиналето на Медитеранските игри

Ракометната репрезентација на Македонија се пласираше во полуфиналето на Медитеранските игри во Оран, Алжир, откако во последниот натпревар од групната фаза Шпанија ја совлада домашната репрезентација со убедливи 31-19.

„Црвена-фурија“ во ниту еден момент не си играше со својот кредибилитет. Почна силно уште од стартот на мечот, а на полувреме имаше огромни 22-7. До крајот Шпанците само рутински го приведоа мечот за конечни 31-19.

Иако имаме исто бодови со репрезентацијата на Алжир, поради подобрата гол разлика нашите ракометари обезбедија пласман меѓу четирите најдобри на турнирот. Во полуфиналето Македонија за противник ќе го има Египет кој го освои првото место во А групата.

Се вчитува...