Рајо Валјекано одигра само 2-2 на дуелот на домашен терен со Џирона, а исходот можеше да биде сосема поинаков ако соиграчите на нашиот Столе Димитриевски не се избламираа во обидот да ги имитираат Лео Меси и Луис Суарез.
Имено, при водство на Рајо од 2-1 беше досуден пенал за домашната екипа, но наместо за удар од белата точка домаќините се решија за комбинација и додавање во стилот на поранешните ѕвезди на Барса.
Проблемот е во тоа што експериментот не успеа, Трехо шутираше над гредата, а казната стигна кога гостите постигнаа гол за израмнување…
No way… 👀 pic.twitter.com/TekIYKkyvj
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) March 18, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА