Бламажа на младите „романтичари“ и на реваншот против Шелбурн

Фудбалерите на младинскиот шампион на Македонија, Работнички доживеаја уште поголем срам овојпат на домашен терен против ирски Шелбурн (1-4) во реваншот од првото коло од младинската Лига на шампиони.

По поразот во Република Ирска од пред две седмици од 0-5 во Р. Ирска младите „романтичари“ доживеаја уште поголем срам овојпат на домашен терен. Гостите уште во 5. минута поведоа со 0-1 со голот на Сами. Истиот фудбалер во 39. зголеми на 0-2. До крајот на првиот дел домаќините намалија преку Бошнаков во 44. минута.

Во вториот дел Бејли во 49. минута зголеми на 1-3, а само четири минути подоцна беше и 1-4 со погодокот на Вуна. Мекарти во 60. минута зголеми на 1-5. 1-6 беше во 79. минута со голот на Бејли, додека конечните 1-7 ги постави Сами кој запиша хет-трик на овој меч.

 

Се вчитува...