Блатер: Ова е апсурд, СП не треба да се одржува во земја која одбива визи за официјални лица

Поранешниот претседател на ФИФА, Џозеф Балтер, одговори на забраната за влез во Соединетите Држави на сомалискиот судија Омар Артан да суди на натпреварите од турнирот.

Тој кажа дека ова е апсурдна одлука, и порача во иднина Мундијалот да не се одржува во земја во која се одбиваат визи за учесниците.

„Ова е неверојатно и апсурдно. Кога на една земја ѝ е доверено домаќинството на Светското првенство, постојат два свети и фундаментални принципи. Првиот е безбедноста, која земјата е должна да ја обезбеди за време на турнирот. Вториот е обезбедување влезни визи за сите службеници на ФИФА. А кој би можел да биде поофицијален од судија?“, прашува Блатер.

Потоа тој додава:

„Ако една земја одбие влез на судија, тоа е сериозен проблем, а Светското првенство не треба да се одржува таму. ФИФА ја носи главната одговорност: го напушти овој принцип, кој земјата домаќин не го почитуваше. Прекинувањето на турнирот повеќе не е можно, но она што се случува е целосно апсурдно“, рече Блатер .

Се вчитува...