Блажевски донесе бод за Вардар па заработи црвен картон по судирот со Весели (ФОТО+ВИДЕО)

Повеќе од драматичен натпревар одиграа Струга ТЛ и Вардар ремизирајќи (2-2) благодарение на голот во 95. минута на Дејан Блажевски по катастрофалната грешка на голманот Урош Ѓуриќ.

Но, веднаш по погодокот и несакан инцидент меѓу фудбалерите на двата тима. Блажевски по голот, славејќи кон својата клупа, се впушти со провокација и кон противничката клупа по што реагираше тренерот на голманите на Струга ТМ, Фатмир Весели.

Дојде до судир меѓу двајцата, иако за среќа беше брзо спречена поголема физичка пресметка. Но, и Блажевски и Весели добија директни црвени картони од главниот судија.

Се вчитува...