Блед Роналдо, бледа Португалија: Само бод против Конго (ВИДЕО)

Еден од фаворитите за освојување на пехарот на Светското првенство, Португалија со бод го отвори настапот на Мундијалот, играјќи нерешено 1-1 против аутсајдерот Конго. Португалија одигра блед натпревар, практично од една сериозна шанса успеа рано да постигне погодок, и до крајот имаше само две полушанси преку Роналдо. Бакамбу можеше да ги шокира Португалците, откако во вториот дел ја погоди и стативата.

Кога Жоао Невеш постигна гол во 6. минута од средбата, се чинеше дека Португалија рано тргнува кон трите бода против својот противник. Нето асистираше, Невеш успеа со глава да го совлада Мпаси-Нзау, и така фаворитот да дојде до предност во раната фаза од мечот.

Конго веднаш се обиде да врати, и тоа како да не беше предупредување за Португалците. Виса имаше шанса веднаш, уште во 11. минута, шутираше само крај голот. Виса во петата минута од судиското надополнување успеа да се извади за промашувањето, и со глава да го совлада Кошта. 

Во вториот дел Кансело постигна убав гол, но беше поништен поради офсајд. Конго можеше да дојде до предност во 57. минута, Бакамбу ја погоди само стативата. Роналдо имаше шанса во 69. минута шутираше непрецизно. Бакамбу имаше шанса и во 77. минута кога шутираше само крај левиот дирек.

Се вчитува...