Бледо издание на Дончиќ и Далас, феноменална ноќ на Кари, шампионот доби лекција од Мајами (ВИДЕО)

Изминатава ноќ во НБА лигата беа одигра три натпревари, во кои актуелниот шампион Милвоки во Мајами загуби со убедливи 137-95.

Мајами уште по првата четвртина имаше огромни 40-17, до крајот само зголемувајќи ја предноста против Буакс кои беа далеку под своето ниво.

Тајлер Хиро постигна 27 поени во триумфот на Мајами, Џими Батлер дополни со 21 а Адебајо заврши со 20 поени и 13 скока. Најдобар кај Милвоки беше Јанис Адедукомбо со скромни 15 поени и 10 скока.

Лука Дончиќ во својот прв меч од новата сезона гостуваа во Атланта, но убедливо загубија со 113-87. Редиш со 20 поени и Јанг со 19 поени и дури 14 асистенции беа кобни за гостите. Лука Дончиќ постигна 18 поени, дополнети и со 11 скока и седум асистенции.

Во последниот меч на вечерта, Голден стејт со 115-113 славеа против ЛА Клиперс. Спектакуларен меч одигра Стеф Кари, кој постигна 45 поени дополнети и со 10 скока. Кај гостите се издвои Пол Џорџ со 28 поени, дополнети и со 11 скока.

Се вчитува...