Блесок на Бојан и Богдан Богдановиќ, Ембид броеше до 53

Бојан и Богдан Богдановиќ имаа одлична вечер во НБА лигата во кои ги предводеа своите тимови. Хрватот за Детроит постигна 38 поени, 4 скока и 2 асистенции, но истите не беа доволни за триумф над Лејкерс кој славеше со 117-124. За гостите 35 поени, 5 скока и 5 асистенции додаде Леброн Џејмс.

Србинот пак со 27 поени, 7 скока и 5 асистенции беше лидер на Атланта во победата од 123-122 против Чикаго по продолжение, додека Демар Дерозан со 34 поени, 13 скока и 8 асистенции беше прво име за гостите.

Со одличните настапи продолжи и Џоел Ембид кој во победата од 131-113 против Шарлот постигна дабл-дабл од 53 поени и 12 скока. Лидер на гостите беше Убре со 29 поени.

Во останатите натпревари:

Њу Орлеанс – Феникс 129-124
Њујорк – Сакраменто 112-99
Орландо – Торонто 111-99
Хјустон – Милвоки 97-92

Се вчитува...