Блесокот на Богдановиќ недоволен за победа против Милвоки

Милвоки е на чекор да избори место во големото финале на НБА лигата откако славеше против Атланта со 123-112 во петтиот натпревар од серијата со што поведе со 3-2. Домаќините направија двоцифрена предност уште во првата четвртина па истата ја одржуваа во поголемиот дел од натпреварот со што во ниеден момент не ја загрозија победата.

Брук Лопез беше на врвот на својата задача во отсуство на Јанис Адетокумпо со 33 поени и 7 скока, додека него го следеше Крис Миделтон со 26 поени, 13 скока и 8 асистенции. Богдан Богдановиќ блесна во отсуство на Тре Јанг. Србинот мечот го заврши со 28 поени и 5 скока, додека 19 поени и 8 скока додаде Колинс.

Се вчитува...