Блокада од Мајами: Грците без Јанис во квалификациите

Грција ќе биде сериозно ослабена во квалификациите за Мундобаскет на крајот од овој месец откако Јанис Адетокумбо отпадна од комбинација за настап на дуелите со Украина на 28 август и со Шпанија три дена подоцна.

Селекторот Василис Спанулис го објави списокот од 17 кошаркари кои ќе бидат во комбинација за овој двомеч, а отсуството на суперѕвездата беше објаснето како одлука на неговиот нов клуб Мајами хит, кој сака Јанис да пристигне што порано, воедно и да не ризикува евентуална повреда при настапите за националниот тим.

Ова е сериозен проблем за Спанулис ако се знае дека Грција пренесе скор 3-3 во пресрет на оваа нова фаза од квалификациите, по шокантните последни порази од Романија и од Португалија.

Поради ова, грчките кошаркари немаат право на „кикс“ до крајот на овој квалификациски циклус, па останува да се види како ќе се справат со тој притисок кога во своите редови го немаат  Адетокумбо.

Се вчитува...