Блокотехна броеше до 110 против Охрид во Купот на Македонија

Блокотехна лесно се справи со Охрид во вториот четвртфинален дуел од Купот на Македонија со конечен резултат од 110-88. Гевгеличани ја оправдаа улогата на фаворит, по Работнички тие се втората екипа која денес обезбеди место во полуфиналето.

Уште по првиот период беше јасно дека избраниците на Марјан Илиевски ќе слават нов триумф откако по првите 10 минути поведоа со 35-17, охриѓани немаа одговор за расположените Бенџамин Двејн и Антон Казарновски. За убедливата победа Блокотехна во ниту еден момент не застана да ја полни мрежата на аутсајдерот, па до границата од 100 поени стигнаа на пет минути пред крајот.

Седум кошаркари на Блокотехна завршија со двофицрен учинок на поени, а како најефикасни се истакнаа Бенџамин со 18 и Казарновски со 17 поени, Боуен застана на 16 поени.  Мартин Јунаковиќ осамен од редовите на Охрид забележа високи 37 поени.

Блокотехна во текот на денот ќе го дознае својот противник во полуфиналето, против гевгеличани ќе игра подобриот од дуелот МЗТ Скопје – Фени индустри.

Се вчитува...